Трибината „Стрес и енергија на свесност“ во четврток во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток со почеток во 20 часот ќе се одржи трибина под насловот „Стрес и енергија на свесност“.

Модератори на истата ќе бидат професорот по филозофија Зоран Ѓорѓиевски, гешталт психотерапевтот Јасминка Наумовска, како и Горан Стевчевски, магистар по психолошки науки.