Повеќе локации во Куманово денеска ќе останат привремено без струја во текот на денот.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со крзии, во период од 06:00 до 06:30 часот прекини имало во населбата Перо Чичо, поточно м.в. Багрем Бања, во населбата Карпош и тамошната индустриска зона, дел од „Моша Пијаде“, м.в. Стари Лозја, како и дел од булеварот „Октомвриска револуција“, спроти „Браво кеј“.
Во период од 08:30 до 14:30 часот денеска без напојување со електрична енергија ќе биде ООУ „Христијан Карпош“, како и улиците „Милентие Поповиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Бранко Радичевиќ“, „30-ти јули“, „Иво Андриќ“, „Стево Филиповиќ“, „Михајло Пупин“, „Будимир Димковски“, „Руѓер Бошковиќ“ и „Благој Пецкалија“.
Никола Ивановски

