УХМР со најава за пороен дожд, грмежи и локално невреме

Сподели со своите пријатели

Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно наместа со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.

Денеска во Куманово ќе имаме променливо време, со услови и за сонце, но и за дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Нестабилно со дожд и грмежи

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска е издадено жолто метео предупредување за засилен ветер.

Никола Ивановски