На 11 октомври КК Куманово го пречекува Теодо од Црна Гора
On:
Сподели со своите пријатели
Кошаркарскиот клуб Куманово својот настап во БИБЛ лигата ќе го започне на 4 октомври кога гостува кај актуелниот шампион Сигал Приштина, а веќе на 11 октомври на домашен терен ќе го пречека тимот на Теодо од Тиват, Црна Гора.
Натпреварот ќе биде во рамките на првата рунда од лигата, а сино-белите веќе имаат играно против црногорскиот тим во сезоната од пред две години, кога ги совладаа со резултат 95:79 на домашен терен, но и на гостински терен со резултат 72:67.
Во втората рунда, противник на Куманово ќе биде КК Башкими, а натпреварот ќе се одигра во Призрен на 19 октомври.
На 22 и 23 септември изабраниците на Марјан Србиновски ќе настапат во домашната кошаркарска Супер лига, додека распоредите за македонското првенство се уште не се објавени од страна на федерацијата.