Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран, додека 36 лица се повредени, објави денес иранската државна телевизија ИРИБ.
Иранските медиуми претходно објавија дека три лица загинале, а 26 лица се повредени.
Пожар избувна во вторник во трговскиот центар Аргаван во градот Андишех во покраината Техеран.
Не е јасно што го предизвикало пожарот, а државниот радиодифузер ИРИБ соопшти дека властите истражуваат.
Телевизиските снимки покажуваат пожарникари како се борат со пламенот додека големи столбови црн чад се издигаат од повеќекатната зграда, објави Танјуг.
Нема индикации дека пожарот е поврзан со војната на Иран против САД и Израел.

