Димитриевски: Заминувањето на Цеков е негова лична одлука, но мандатот им припаѓа на граѓаните

Сподели со своите пријатели

Во гостување во емисијата Топ Тема на Телма ТВ, претседателот наДвижењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, се осврна назаминувањето на пратеникот Миле Цеков, оценувајќи дека станува збор заличен чин кој не ја нарушува стабилноста на партијата.

Тој посочи дека оддалечувањето на Цеков било процес кој подолго време бил видлив, нагласувајќи дека ваквиот исход не е изненадување.

„Пратеникот Цеков веќе подолго време не учествуваше во работењето ниту на Централниот, ниту на Извршниот одбор. Беше евидентно дека нешто се случува. Тој не е исклучен од партијата – ЗНАМ не исклучува свои членови, камоли пратеници. Ја донесе оваа одлука и слободен му е патот, секој со свој крст. Но, доколку имате минимум политичка и морална одговорност, треба да го вратите мандатот на граѓаните. Ова е реприза од минатото, но многу е побитен моментот кои се мотивите. Струмичката јавност најдобро го знае тоа.“ – истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска се празнува Ѓурѓовден – празник на будењето на природата

Во однос на причините за ваквиот потег, Димитриевски укажа на промена наполитичките ставови и отстапување од партиските позиции, поврзувајќи готоа и со прашањето на политичката одговорност и принципи.

„Гледаме рапидна промена на ставови, вклучително и поддршка на предлози кои никогаш не биле разгледувани во рамки на партијата. Тоа остава простор дека имало намера. Дали е така, времето ќе покаже. Во ЗНАМ нема и нема да има простор за локални шерифи и злоупотреба на функциите, а токму затоа и очекуваме одговорност – мандатот да се врати таму каде што припаѓа“ – нагласи тој.

Осврнувајќи се на поширокиот политички контекст, Димитриевски повтори дека ставовите на партијата се јасни и непроменети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Што договарале Пендаровски, Ковачевски, Ахмети и Груби за Груевски?

„Нашите позиции се јасни, македонски идентитет, јазик, историја и европска интеграција со заштита на националните позиции, вклучително и пристапот кон уставните прашања. Господинот Цеков излезе со дијаметрално спротивни ставови и тука е суштинското разидување.“ – истакна Димитриевски.

ЗНАМ останува цврсто на своите принципи и политички определби, со јасен фокус на одговорно политичко делување, доследност кон ветеното и почитување на довербата дадена од граѓаните.