Приведени двајца возачи во Куманово кои возеле пијани

Сподели со своите пријатели

Двајца возачи од Куманово биле приведени изминатото деноноќие откако полицијата констатирала дека возеле под дејство на алкохол.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, вчеравечер 33-годишник од селото Љубодраг бил приведен поради возење со 1,43 промили алкохол, а немал ниту возачка.

– На 04.05.2026 во 22:45 часот на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Л.(33) од с.Љубодраг, кумановско, информираат од кумановската полицијата.

Како што појаснуваат оттаму, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „лонгија“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,43 промили алкохол во крвта и не поседува возачка дозвола, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „На Ѓурѓовден“ - изложба на Марјан Јаневски – Шалајко за празнувањето во Средорек

Во вториот случај приведен бил 45-годишник  кој возел со 1,88 промили алкохол.

– На 05.05.2026 во 03:30 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.С.(45) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според кумановската полицијата, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле трицикл „кан“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

– По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со нож избол полицаец откако бил затекнат како оштетува возила

Никола Ивановски