Зборот е име кое Албанците го користат сами за себе. Поточно, тие себе се нарекуваат Шчипетари, а својата држава „Shqipëria“, но формата која ја користиме е поедноставена поради наше полесно изговарање.
За прв пат назвиот се појавил во 17 век, а веќе во 18 век целосно го заменува називот Арбанаси.
Постојат неколку хипотези за етимологијата на овој етноним. Густав Мјаер, германски лингвист од втората половина на 19 век сметал дека зборот доаѓа од „shqipoj“ што всушност значи „да се говори јасно“ или од зборот „shqiptoj“ што значи „да се изговори“, а смилсата е „браќа кои зборуваат ист јазик“.
Хрватскиот лингвист Петар Скок името го поврзал со називот за Скопје – Скупи, а жителите на македонската престолнина ги нарекуваат Шкупитари, а по него тоа се претворило во Шкиптар, а потоа во Шчиптар.
Романскиот лингвист Сорин Палига мисли дека „шчип“ е доказ дека постои врска измеѓу Словените од 5 век и современите Албанци, додека покојниот руски лингвист Владимир Орел некаде е на иста линија и верувал дека се работи за пост-класична форма од зборот „склавус“ или дека е во прашање калк, односно буквален превод на словенскиот назив Словени која доаѓа од зборот „слово“ во смисла „ословување со ист јазик“, што во суштина се вклопува со идејатана Густав Мајер.
Сепак, сето ова е целосно ирелеватно ако ги прашувате Албанците. Имено, австралискиот албанолог кој работел во првата половина од 20 век, Максимилијан Ламбер, развил хипотеза која веројатно е најточна од сите.
Ламберц сметал дека името „Шчипетар“ доаѓа од зборот „shqipe” или „shqiponjë”, односно „орел“ во двете варијанти, кој се развил како одговор на народот на херојскиот отпор на Скендербег против Османлиите, со оглгед дека на неговото знаме имало орел. Приказната била следна: во еден момент по падот под странската окупација, без оглед што луѓето преминувале на ислам, Арбанасите себе започнале да се наркуваат „орли“, сеќавајќи се на херојските подвизи на својата најголема историска личност. На крајот овој колоквијален, горд назив станал главен и за нив единствен.
Поради тоа што изразот голем дел од луѓето во Македонија го користат погрдно, треба сепак да се размисли дали го постигнувате ефектот кај албанското население или сепак им одавате признание.

