Над 1.200 полицајци во рација против мото клуб во Германија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1.200 полицајци денес учествуваа во голема операција против мотоциклистичкиот клуб „Ангели на пеколот“ во Северна Рајна-Вестфалија, откако властите официјално забранија локален огранок на групата, соопшти полицијата.

Акцијата беше спроведена во 28 градови, вклучувајќи ги Леверкузен, Келн, Дортмунд и Дујсбург.

Претреси беа извршени на неколку локации, вклучувајќи го и клубот „Ангели на пеколот“ во Хилден.

Во акцијата учествуваа и специјални полициски единици, објавија германските медиуми, повикувајќи се на изјави од полицијата и покраинските власти.

Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија изјави дека забраната е воведена поради сомневања дека огранокот на клубот дејствува како криминална организација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја: Бројот на егзекуции нагло се зголеми и ќе продолжи да расте, а ова е причината

Ова е една од најголемите полициски операции против „Ангелите на пеколот“ во Германија во последно време.