Низа села во Куманово, Старо Нагоричане и Липково денеска и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со крзии, денеска во период од 08:00 до 14:00 часот прекини ќе има во селото Младо Нагоричане, населбата Иго Тричковиќ (Тромеѓански пат), месноста Мајорово Трло, како и селото Тромеѓа.
Во период од 08:30 до 15:30 часот прекини ќе има во липковските села Виштица, Матејче и Никуштак.
Утре во период од 08:15 до 14:00 часот без струја ќе останат селата Кутлибег, Зубовце, дел од селото Тромеѓа, како и селата К’шање, Бељаковце, Колицко, Косматац, Мургаш, Скачковце, Новосељане.
Прекини утре во истиот период ќе има и во населбата Перо Чичо, дел од м.в. Гладно Поле, како и сите села во Старо Нагоричане.
Никола Ивановски

