Техеран ги ослободи „пријателските земји“, вклучувајќи ја и Русија, од обврската за плаќање патарини за минување низ Ормутскиот теснец, изјави за РИА Новости иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали.
„Не знам што ќе се случи во иднина. Сепак, нашето Министерство за надворешни работи во моментов се обидува да ги искористи исклучоците предвидени за пријателските земји, како што е Русија“, одговори Џалали на прашање во врска со ова, како што објави денес руска агенција.
Иран претходно ја објави својата намера да наплаќа патарина за транзит низ Ормутскиот теснец, наведувајќи ги трошоците за безбедност како причина.
Иранскиот парламент објави дека патарината ќе зависи од видот и количината на товар, како и од степенот на ризик, а вчера Техеран за прв пат доби приходи од транзитни такси.
САД и Иран објавија двонеделно прекин на огнот на 8 април, но последователните преговори не дадоа резултати.
САД објавија блокада на иранските пристаништа и ветија дека ќе ја укинат дури откако ќе се постигне договор, а Исламската Република одговори со затворање на Ормутскиот теснец и одбивање на понатамошен контакт со САД.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи прекинот на огнот, велејќи дека ќе остане на сила сè додека Иран не подготви предлог за решение и страните не се сретнат.

