Кривични за злоупотреби против директор и заменичка во училиште во Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од с.Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првопријавената, како што велат од МВР, како заменик директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и назначена да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити од 01.09.2022 до 31.08.2023 и второпријавениот, како директор и назначен да извршува дополнителни работи-водење на вонредни испити од 01.09.2023 до 31.08.2024 овозможиле вонредните ученици да пријавуваат и полагаат испити од наредна година без да ја имаат завршено претходната година и без да достават потврди за следење на феријалната пракса, при што овозможиле и испитната комисија да спроведе полагање на два вонредни испита во ист ден за четири вонредни ученици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово со нов јавен повик: До 25.000 денари субвенција за приклучок на гас

Никола Ивановски