Приведен 43-годишник од Липково, возел „бмв“ без дозвола

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригдишник од липковско бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел „бмв“ без да поседува возачка дозвола.

– На 22.04.2026 во 08:30 часот на регионален пат во село Љубодраг, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Ј. (43) од село Ропалце, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово со нов јавен повик: До 25.000 денари субвенција за приклучок на гас

Никола Ивановски