Петнаесетгодишник од Куманово ноќва бил приведен откако бил откриен од полицијата како управува моторно возило.
– На 23.04.2026 во 01:50 часот на патот Куманово- Черкезе полициски службеници лишија од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот без да поседува возачка дозвола.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

