Во секоја смоква има по една оса!

Сподели со своите пријатели

Иако смоквата често се нарекува кралица на медитеранското овошје, технички таа спаѓа во категоријата цвеќиња, а начинот на нејзиното оформување е истовремено фасцинантен и застрашувачки.

Научнциите објаснуваат дека смоквите се свртени цветови, а смоквиното дрво не цвета како она на јаболко или кајсија.

Нејзините цветови цветаат во внатрешноста на крушковидната капсула, која подоцна досозрева во овошје кое го јадеме, а тоа не е само едно овошје туку цел збир.

Но, тоа не е единственото нешто по кое се единствени.

Бидејќи цветаат од внатре, потребен им е специјален процес на оплодување кое не може да го направат пчелите и ветерот, па тука на сцена стапуваат смоквините оси. Смоквата не може да преживее без тие оси кои го шират својот генетски материјал, а осите пак не можат да живеат без смоквите затоа што таму ја положуваат својата ларва.

Осата женка влегува во машка смоква, крилата на женката се кршат додека влегува во малиот премин во смоквата, па така кога еднаш влезат, излегување нема.

Машките оси – бебиња се раѓаат без крилја, затоа што единствена функција им е да ги оплодат женките, технички нивните сестри прокопуваат тунел низ смоквата. Женските оси работат се понатаму.

Откако осата умира во внатрешноста на смоквата, таа се разградува, а колку тоа и да звучи бизарно, сепак е неопходно во процесот на создавање вкусна смоква.

 

Loading...