Кина изрази загриженост откако САД „насилно пресретнаа товарен брод под иранско знаме“ во Ормутскиот Теснец и ги повикаа сите страни одговорно да се придржуваат до договорот за прекин на огнот, пишува Ројтерс.
Реакцијата на Кина
„Ситуацијата во Ормутскиот теснец е чувствителна и сложена“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун.
Тој ги повика инволвираните страни да избегнат понатамошна ескалација и „да ги создадат неопходните услови за продолжување на нормалниот транзит низ теснецот“.
Американската страна претходно објави дека пукала врз ирански товарен брод и го запленила откако се обидел да ја пробие блокадата на иранските пристаништа.
Иранската армија, пак, објави дека бродот доаѓа од Кина и најави одмазда за, како што ја нарекоа „вооружената пиратерија на американската војска“.

