Викенд прогноза за Куманово: Сончево и топло, но со засилен северен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

 

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо сончево и топло време.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 50 километри на час.

Утринската температура ќе се спушти до осмиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 24 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каратистите на „Мусаши“ од Куманово со две бронзи на Државното првенство (ФОТО)

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и стабилно време.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе достигнува брзина до 50 километри на час.

Темпрературата во утринските часови ќе се движи околу петтиот степен, додека максималната дневна ќе достигне 20 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме сончево време со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до шестиот степен, а во текот на денот максимумот ќе се искачи до2 0 степени целзиусови.

 

 

Од понеделник ќе имаме промена на временската состојба и врнежливи денови.

Никола Ивановски