Дваесет и тригодишна кумановка вчера пријавила дека била нападната од нејзиниот невенчан сопруг.
– На 15.04.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, 23-годишна жена од Куманово пријави дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А., информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

