Приведен кумановец кој возел мотор за кој немал дозвола

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец бил приведен откако полицијата констатирала дека управувал мотор без да поседува возачка дозвола.

– На 15.04.2026 во 11:30 часот на ул.„11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Ш.(37) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишна кумановка нападната од невенчаниот сопруг

Никола Ивановски