Израелските воздушни напади го уништија клучниот мост Касмије, кој беше последен премин помеѓу јужен Либан и остатокот од земјата, прекинувајќи ја врската помеѓу областа Тир и градот Сидон.
Ова го објавија либанските медиуми, пренесува Анадолу.
Либанската Национална новинска агенција објави дека борбени авиони извршиле два последователни напади и целосно го уништиле мостот.
На нападите, се додава, им претходел напад со беспилотно летало извршен претходно истиот ден во близина на мостот.
Мостот Касмије бил еден од најстратешките премини во јужен Либан, поврзувајќи ги западните, централните и источните сектори и служејќи како клучна рута за транспорт на луѓе, возила и стока.
Тој веќе бил оштетен во претходните израелски воздушни напади.
Израел ги продолжи нападите низ Либан откако Хезболах започна прекуграничен напад на 2 март, и покрај договорот за прекин на огнот од ноември 2024 година.
Либанските здравствени власти велат дека од март загинале повеќе од 2.160 луѓе, повеќе од 7.000 се повредени, а над еден милион луѓе се раселени.
🚨لحظة استهداف جسر القاسمية https://t.co/hZ8AgU8wS1 pic.twitter.com/qOTTcBI5lD
— Ahmad Hamieh🇦🇷🇦🇷 (@Ahmadhamieh313) April 16, 2026

