Франција ослободи танкер за нафта поврзан со Русија откако плати казна

Сподели со своите пријатели

Танкерот за нафта што беше запленет од француската морнарица во март ги напушти француските територијални води откако сопственикот на бродот плати казна, објавија денес француските власти.

Бродот „Дена“, кој плови под знамето на Мозамбик, беше запленет на 20 март во операција на француската морнарица со поддршка на британските сојузници.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека бродот припаѓа на руската „флота во сенка“, за која тврди дека ѝ помага на Москва да извезува нафта и покрај западните санкции.

Властите не ја открија сумата на казната што ја платила компанијата сопственик на бродот, но потврдија дека танкерот потоа бил ослободен и ги напуштил француските територијални води.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанскиот премиер Санчез гради коалиција против Трамп?