Приведен кумановец кој ја нападнал мајка си

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер поради физички напад врз неговата мајка.

– На 10.04.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Д.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово се однесувал агресивно и физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  28-годишна кумановка нападната од поранешниот партнер