Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите во понеделник дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите проблеми – иако еврејската држава никогаш не признала дека поседува таккво смртоносно оружје.
На прашањето на новинар за коментарот на советникот на Трамп, Дејвид Сакс, даден во подкаст во кој шпекулираше дека Израел би можел да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје, Трамп рече:
„Израел не би го сторил тоа. Израел никогаш не би го сторил тоа“.
Со години, Израел води политика на намерна двосмисленост за да избегне конфликт околу својата нуклеарна програма.
Високи израелски политичари постојано нагласуваат дека Израел нема да биде првата земја на Блискиот Исток со нуклеарно оружје.
Според проценките на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI), Израел поседува 90 нуклеарни боеви глави.

