Ким Џонг Ун го честиташе Денот на жената и за прв пат присуствуваше на концерт во чест на празникот

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун присуствуваше, за прв пат, на концерт по повод Меѓународниот ден на жената со сопругата Ри Сол Ју и ќерката Ју Ае, кога во своето обраќање го честиташе Денот на жената и ја пофали нивната улога во националниот развој, објави денес севернокорејската агенција KCNA.

Државните медиуми не го открија името на ќерката, за која се проценува дека е подготвена да го наследи Ким Џонг Ун како национален лидер, и ја нарекоа единствена „сакана ќерка“, објавува јужнокорејската агенција Јонхап.

 

 

На фотографиите што беа објавени, Ју Ае седи помеѓу нејзиниот татко и мајка на концертот, додека Ким Џонг Ун ја држи за рака за време на настапот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брод со мигранти потона покрај брегот на Анталија

Северна Кореја го одбележува Меѓународниот ден на жената, 8 март, како национален празник, со јавни настани.

Во говорот на концертот, Ким Џонг Ун изрази „посебна благодарност до сите корејски жени“, кои ги нарече „силни столбови на револуцијата“, за нивните извонредни напори.

„Кога нашите жени ќе продолжат да ги продолжуваат традициите на патриотизмот исполнувајќи ја својата незаменлива одговорност и улога, нашето општество ќе стане посилно и попросперитетно“, рече Ким Џонг Ун.

 

 

Фотографиите објавени од државните медиуми покажаа дека меѓу публиката на концертот имало клучни женски личности во Северна Кореја, вклучувајќи ја министерката за надворешни работи Чое Сон Хуи, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, и познатата водителка на вести Ри Чун Хи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Европската Унија е подготвена за последиците од војната во Иран?

Оваа година, Ким Џонг Ун го одржа својот прв говор на настанот по повод Меѓународниот ден на жената и за прв пат присуствуваше на прославата на концертот за празникот со својата сопруга и ќерка.