Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во западните делови ќе има слаб локален дожд.
Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне 15 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 16 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме исто така сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 0 до максимални 17 степени целзиусови.
Сончево и многу топло време ќе имаме и во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен во позитива, а дневниот максимум ќе се искачи до високи 18 степени целзиусови.

И во петок ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна ќе се искачи до 17 степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 2 до максимални 16 степени целзиусови.
Неделна носи променливо облачно време со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна ќе достигне 16 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и следната работна недела.
Никола Ивановски

