Иранска револуционерна гарда: Непријателите нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови

Сподели со своите пријатели

Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, според CNN.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“, објави иранската државна телевизија.

Тешко вооружената и организирана гарда – која постои заедно со иранската армија и вклучува доброволни единици – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сопругата на Хамнеи почина два дена по него

„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението, кое го објави CNN.