Али Хамнеи, врховниот верски водач на Иран e ликвидиран

Сподели со своите пријатели

Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран беше убиен во израелските и американските напади врз Иран, кои беа извршени претходно денеска.

Ова за Ројтерс го потврдил еден од израелските официјални лица.

Неговото тело наводно било пронајдено во урнатините.

Високи израелски функционери за неколку медиуми изјавија дека ајатолахот е мртов, но засега нема официјална потврда од Иран.

Според извештаите на израелските медиуми, неговото тело било пронајдено во урнатините на палатата.

Израелскиот Канал 12, исто така, објави дека на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, наводно, му била покажана документација за телото на Хамнеи.

И покрај овие тврдења кои доаѓаат од Израел, се уште нема официјална реакција или потврда од Техеран за судбината на врховниот верски водач.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каја Калас закажа вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Иранската новинска агенција Тасним објави претходно денеска дека седум ракети ја погодиле областа во близина на претседателската палата и комплексот на врховниот верски водач во Техеран.

Сателитските снимки открија дека резиденцијата на ајатолахот била целосно уништена во нападот.

Претходно, иранските медиуми објавија дека иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи бил префрлен на безбедна локација надвор од Техеран, а подоцна беше објавено дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е „безбеден и здрав“.