Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи не е во Техеран и е преместен на безбедна локација, изјави официјален претставник за Ројтерс.
Мер пренесува дека и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е безбеден.
Веста дојде откако Израел објави дека извршил превентивен напад против Иран, а експлозии беа пријавени во Техеран.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел извршил превентивен напад против Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека во целата земја е прогласена вонредна состојба.
Израел својата воена операција против Иран ја нарече „Крик на лавот“, а одлуката за името ја донесе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Техеран се подготвува да возврати откако Израел денеска изврши напад врз Иран, а одговорот ќе биде „погубен“, изјави ирански претставник за Ројтерс.

