Ирак го затвори воздушниот простор по нападот врз Иран

Сподели со своите пријатели

Ирачкото Министерство за транспорт денеска објави дека го затворило својот национален воздушен простор откако Соединетите Држави и Израел го започнаа, како што рече израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, превентивен напад против Иран.

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Катар воведе наредба за засолниште за сите вработени, препорачувајќи им на сите нејзини граѓани да го сторат истото откако Израел утринава изврши превентивен напад против Иран, објави Ројтерс.

Кац рече дека Израел извршил превентивен напад против Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека во целата земја е прогласена вонредна состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Бројот на загинати во израелскиот напад врз училиште се искачи на 40

„Државата Израел започна превентивен напад против Иран за да ги елиминира заканите за државата Израел. Во целата земја е прогласена моментална вонредна состојба“, рече Кац, објави „Тајмс оф Израел“.

Сирените се огласија низ Израел додека командата на домашниот фронт на израелските одбранбени сили ги повика цивилите да останат блиску до засолништата и да се подготват за можноста од ракетни напади.

Три експлозии се слушнале во централен Иран, објави иранската новинска агенција Фарс.

Според извештаите, експлозии се слушнале во северниот и источниот дел на Техеран, како и во Исфахан, Карај и Керманшах, пренесува Танјуг.