Украина: Околу 20 лица ранети во нападите на руски ракети и дронови

Сподели со своите пријатели

Околу 20 лица се ранети во нападите на руски ракети и беспилотни летала на исток и југ од Украина, објавија денес локалните власти.

Балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала беа лансирани кон Киев и Харков, додека Запорожје, на југот од Украина, беше погодено од беспилотни летала.

Во Харков, 14 лица се ранети, вклучувајќи и седумгодишно момче, соопштија локалните власти.

Седум лица се ранети во Запорожје, каде што беспилотните летала оштетија 19 станбени згради.

Околу 500 куќи останаа без греење, поради оштетување на инфраструктурните објекти.

Локалните власти во Киев соопштија дека остатоците од соборените ракети и беспилотни летала оштетиле неколку згради, објавува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес ги погоди Курилските острови