На Путин му веруваат 78 проценти од Русите, покажува нова анкета

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, има доверба од 78 проценти од Русите, а 80 проценти од испитаниците веруваат дека тој добро си ја врши работата, според резултатите од анкетата спроведена од Фондот за јавно мислење.

Вкупно 52 проценти од анкетираните дале позитивна оценка за работата на владата, а 56 проценти веруваат дека премиерот Михаил Мишустин добро си ја врши работата.

Нивото на поддршка за политичката партија „Единствена Русија“ е 40 проценти, за Комунистичката партија 10 проценти, за Либерално-демократската партија осум проценти, за Новата народна партија четири проценти и за партијата „Праведна Русија за вистината“ три проценти, пренесува ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се подготвува решавачка битка за Одеса?

Анкетата е спроведена од 6 до 8 февруари меѓу 1.500 Руси.