Познат распоредот на натпревари од Купот на Македонија кој ќе се игра во Куманово

Сподели со своите пријатели

Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ од 13. до 15. февруари ќе се реализира во спортската сала во Куманово.

Во договор со Македонската радио телевизија, која ќе врши директен пренос од натпреварите, одредени се и сатнините за одигрување на натпреварите од „Фајнал-ејт“ турнирот во Куманово.

На првиот натпреварувачки ден, 13. февруари (петок), ќе се одиграат четвртфиналните натпревари.

Програмата стартува од 12. часот, со натпреварот во кој се среќаваат екипите на ТФТ и Феникс 2010.

Од 14.30 часот, следува натпреварот кој привлекува и најголемо внимание во македонската кошаркарска јавност. Ќе играат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Христијан Тодоровски го добил токму прекарот Карпош?

Од 17. часот, на распоредот е мечот Маџари-Кожув, а од 19.30 часот, за место во полуфиналето ќе разигруваат Пелистер и домаќинот на турнирот, МКК Куманово.

Наредниот ден, 14. февруари (сабота), на програмата се двата полуфинални натпревари.

Првото полуфинале е закажано за 17.часот (ќе играат подобрите од средбите ТФТ-Феникс 2010, Пелистер-МКК Куманово), а нешто подоцна, од 19.30 часот, ќе се игра и вториот полуфинален меч (победниците од натпреварите МЗТ Скопје Аеродром-Работнички и Кожув-Маџари).

Недела, 15.февруари, е резервирана за финалниот натпревар. со почеток од 19. часот.

Никола Ивановски