Лавров предупредува: Ситуацијата меѓу САД и Иран е опасна за целиот Блиски Исток

Сподели со своите пријатели

Сегашната ескалација на тензиите меѓу САД и Иран е потенцијално експлозивна за целиот Блиски Исток, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Оваа ситуација е потенцијално експлозивна не само за Иран, туку и за целиот Блиски Исток. Тука има премногу мини, подготвени да експлодираат, само чекаат да бидат згазени“, рече Лавров, пренесува РИА Новости.

Според него, Иран е близок партнер на Русија, а Русија е загрижена за развојот на сегашната ситуација.

„Иран е наш партнер, близок партнер и сосед. И, секако, не сме рамнодушни кон тоа како се развиваат настаните сега“, изјави тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санкциите силно ја погодија руската економија, тврдат од ЕУ

Како што вели, Израел, САД и Иран знаат дека Русија е подготвена да придонесе за решавање на сегашната ескалација на Блискиот Исток.

„Во моментов, ние не се наметнуваме како посредници на Израел, Иран или САД. Во нашите контакти со нив, ние едноставно разговараме за оваа ситуација“, рече Лавров, според Танјуг.