Канцеларијата на ОН за човекови права во вторникот објави дека најмалку 127 цивили се убиени во Либан во напади на израелската армија од прекинот на огнот пред речиси една година и повика на истрага и почитување на прекинот на огнот.
– Речиси една година откако беше договорено примирјето меѓу Либан и Израел, продолжуваме да сведочиме на зголемени напади од страна на израелската армија, што резултира со убивање цивили и уништување на цивилни објекти во Либан, со алармантни закани за поширока, засилена офанзива – изјави Тамин Ал-Хитан, портпарол на Канцеларијата на ОН за човекови права, на прес-конференција во Женева.
Тој рече дека бројката ги вклучува и смртните случаи потврдени од канцеларијата врз основа на нејзината строга методологија, но дека вистинскиот број на убиени може да биде поголем, објави Ројтерс.

