Неделна прогноза за Куманово: Подгответе се за нов бран врнежи!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 3 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градинката „Ангел Шајче“ подготвува нов циклус реконструкции и проширувања (ВИДЕО)

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од југ. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна ќе достине 13 степени целзиусови.

Ноќта кон среда ќе имаме нови врнежи од дожд.

Среда носи облачно време со нов бран врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температура ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 12 степени целзиусови.

И во четврток ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од источен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум се прогнозира на само 6 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пезово – Село населено уште уште пред 5.000 години

 

 

Петок носи облачно време, но без врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 2 степени, а максималната дневна ќе достигне 5 степени целзиусови.

Во сабота повторно ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи меѓу минимални 2 и максимални 5 степени целзиусови.

Недела носи променливо облачно време, а врнежите се очекува да престанат. Ќе дува слаб до умерен источен и североисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градинката „Ангел Шајче“ подготвува нов циклус реконструкции и проширувања (ВИДЕО)

 

 

Следната работна недела не се очекуваат нови врнежи, но утринските температури ќе бидат во пад.

Никола Ивановски