Над 600 ученици учествуваа во уличната трка по повод „11 Ноември“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Над 600 ученици денеска беа дел од трката по повод празникот на градот Куманово – „11 Ноември“ во организација на Сојузот на училишни спортови.

 

 

Како што изјави Марјан Нојковски, претседател на Сојузот, во трката учествуваа ученици од 2 одделение основно образование, како и сите средношколци.

– Учениците трчаат во зависност од својата возраст и одредена е и должината. Организираме со Сојузот на спортови, со Советот и Градоначалникот на Општина Куманово. Ние како професори по физичко направивме селекција во сите училишта и изберени се најдобрите ученици од сите училишта во машка и женска конкуренција, интересот е навистина голем, изјави Нојковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници во Куманово употребувале пиротехника

 

 

Ракводителот на Секторот за култура и спорт при Општина Куманово, Александар Крстевски вели дека се размислува оваа трка од следната година да биде со меѓународен карактер.

– Секоја година се повеќе и повеќе се омасовува овој настан и се надеваме дека следната година би можеле да го направиме и од меѓународен карактер, рече Крстевски.

 

 

Во категоријата средношколци првото место го зеде Ведран Николовски од училиштето „Наце Буѓони“ во машка конкуренција, кој веќе четврта година е најдобар во трката.

– Драго ми е што учествував на овој убав ден. Напорно е и натаму како ве носат нозете така. Досега од овој натпревар ова ми е петта медала по ред, а вкупно досега 42, рече Николовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Биенална изложба на цртежи „Скици 2025“ во Кунаново

 

 

Михаела Домазетовиќ од СОУ „Гимназија Гоце Делчев“ беше најдобра во женска конкуренција, која по трет пат е првенка на овој натпревар.

– Бидејќи ми е трет пат и имам повеќе искуство ми беше полесно и немав толку трема овој пат. На своите соученици им порачувам да се натпреваруваат во секоја прилика, порача таа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски