Пентагон сака да им одредува на новинарите што можат да објавуваат

Сподели со своите пријатели

Бројни истакнати американски медиуми одбија да се согласат со новата политика на Министерството за одбрана со која се ограничува што им е дозволено да објавуваат акредитираните новинари, објавува германската агенција ДПА.

Новинарите имаат рок до 17 часот денес да се согласат со новите правила, изменети по нивниот прв нацрт, според кој информациите „за јавно објавување прво мора да бидат одобрени од соодветно службено лице, дури и ако не се класифицирани“, наидоа на силен отпор, според извештаите на американските медиуми.

Здружението што ги претставува новинарите што известуваат за Пентагон (ЗНП) во соопштението изјави дека новите правила сè уште „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на печатот и потенцијално да нè изложат на кривично гонење само затоа што си ја вршиме нашата работа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп за Џорџа Мелони: „Не смеам да го кажам тоа, но таа е прекрасна млада жена“ (ВИДЕО)

Медиуми како што се „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“ и „Си-Ен-Ен“ изјавија дека нема да ја потпишат ревидираната политика на Пентагон, велејќи дека таа го крши Првиот амандман на Уставот на САД, кој го гарантира правото на слобода на говор.

„Кршење на Првиот амандман“

Мет Мареј, извршен уредник на „Вашингтон пост“, вчера изјави:

„Предложените ограничувања ги поткопуваат заштитите од Првиот амандман со поставување непотребни ограничувања за собирањето и објавувањето информации“.

Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, во понеделник изјави дека „условите ги кршат нашите права (гарантирани) со Првиот амандман и правата на Американците кои сакаат да знаат како се распределуваат воените ресурси и персоналот финансиран од парите на даночните обврзници“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп до Орбан: Фантастичен си, знам дека многумина не се согласуваат, но јас сум единствениот што е важен

Ричард Стивенсон, шеф на бирото на „Њујорк тајмс“ во Вашингтон, во петокот изјави дека новата политика „се заканува да ги казни (новинарите) за рутинско собирање податоци заштитено со Првиот амандман“.

Министерот за одбрана, Пит Хегсет, во објава на социјалната платформа изјави дека сè што бараат новите правила е „новинарите повеќе да не можат слободно да шетаат“, „новинарите мора да носат видлива значка“ и дека „акредитираните новинари повеќе не смеат да поттикнуваат кривични дела“.