Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Сите видови горива ќе поевтинат од вечерва на полноќ, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која ги објави новите малопродажни цени.

Од утре, литар ЕУРОСУПЕР 95 ќе чини 74 денари, што претставува намалување од 1,5 денари. Истото поевтинување од 1,5 денари важи и за ЕУРОСУПЕР 98+, чија нова цена ќе биде 76 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 68,5 денари за литар, што е пониска цена за 1 денар во однос на претходната.

Цената на екстралесното масло за домаќинство исто така се намалува за 1,5 денари, па од утре ќе се продава по 68 денари за литар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со остар предмет се заканувал на сопругата, полицијата го привела

Намалување има и кај мазутот, кој од досегашните 37,6 денари ќе се продава по 36,7 денари за килограм.