МРК Куманово со пораз од Алкалоид

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово забележаа пораз од вчерашниот дуел со Алкалоид на домашен терен со резултат 21:35.

Уште од стартот на мечот, и покрај големата поддршка од трибините, кумановци немаа доволно сили да му парираат на гостинскиот состав, па на пауза Алкалоид замина со предност од високи 17:10.

Високата предност во вториот дел од средбата беше уште поголем проблем за домашните, кои се бореа за пресврт, но без успех.

Тоше Ончев и Борјан Цековски беа најефикасните игрчаи на Куманово кои впишаа по пет погодоци, додека во победничкиот состав со осум гола најдобар беше Марин Серафимов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  60-годишен возач со 2 промили алкохол приведен на патот Куманово – Крива Паланка

Следното коло  екипата  на МРК Куманово, гостува кај Струга каде ќе ја бара втората победа во шампионатот.

Никола Ивановски