Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до засилен северен и североисточен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 40 километри на час. Токму поради тоа од УХМР за регионот на кумановско е издаден жолт метео аларм за оспасност од засилен ветер.
Температурата во утринките часови ќе се движи околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 27 степени целзиусови.
Сончево и топло време ќе имаме и во недела.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 11 до максимални 29 степени целзиусови.
Слично време ќе имаме и следната работна недела кога температурите ќе достигнат и високи 37 степени.
Никола Ивановски