Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе удриме посилно од кога било

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците во протестите во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите на Националната гарда кои беа испратени во тој град за да ги смират немирите и дека одговорот на членовите на гардата на тоа би бил да ги „удрат“.

Loading...

„Ако плукаат, ние ќе удриме. Оние кои учествуваат во немирите имаат тенденција да плукаат во лице на Националната гарда и другите. На овие патриоти им се вели да го прифатат тоа, така функционира животот. Но, не и во администрацијата на Трамп. Ако плукаат, ние ќе удриме и ви ветувам дека ќе бидат погодени посилно од кога било досега. Такво непочитување нема да се толерира“, рече Трамп во објава на својата социјална мрежа Твитер.

Трамп го обвини демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, за инспирирање на „катастрофални немири“ во Лос Анџелес, кои ја испратија Националната гарда на Калифорнија во градот.

Немирите во некои делови од Лос Анџелес избувнаа како одговор на дејствијата на Министерството за имиграција на САД (ICE), кое изврши рации во бизниси во потрага по нелегални работници, т.е. имигранти.