Малолетник предизвикал тешка сообраќајна несреќа, 14-годишник се бори за живот
On:
Сподели со своите пријатели
Вчера околу 22,15 часот во атарот на селото Ново Село – Куманово, на регионален пат Скопје – село Никуштак – Куманово, поточно во близина на „Икина викендица“, се случила сообраќајна незгода во која 16 годишен малолетник од село Љубодраг, управувајќи ПМВ „Ауди А-4 Авант“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.А. од Скопје, изгубил контрола над истото, при што излетал надвор од патот и се превртел, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По незгодата, сопатникот од возилото, лице на возраст од 14 години од Словенија, Горња Радгона, е пренесено во Ургентен Центар Куманово и констатирани му се тешки телесни повреди, односно повреди на череп, опасни по живот и по укажана лекарска помош како итен случај е упатен во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот е извршен од екипа при СВР Куманово. По предходно добиено овластување на јавен обвинител од Куманово, од малолетниот возач е земена крв за анализа, и констатирано е присуство на 0,56 промили алкохол во крвта.