Администрацијата на Трамп верува во скоро постигнување на мир во Газа

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, планира денес да финализира нов пишан документ што би можел да биде основа за евентуален договор за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и Хамас, изјави за новинарите специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, пренесува Танјуг повикувајќи се на Ројтерс.

Loading...

„На еден чекор сме од испраќање на нов нацрт на договорот, за кој се надеваме дека ќе биде доставен подоцна денес“, рече тој, додавајќи дека Трамп ќе го разгледа нацртот на договорот.

„И имам многу добро чувство дека ќе постигнеме долгорочно решение, привремено прекин на огнот и трајно, мирно решение за тој конфликт“, истакна Виткоф.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  15 лица загинаа во израелските напади во Појасот Газа

Проблем со испораката на храна

Тој го кажа ова во Белата куќа, каде што се обрати пред новинарите заедно со Трамп, кој рече дека неговата администрација работи на забрзување на испораката на храна до Палестинците што живеат во Газа.

„Се справуваме со целата ситуација во Газа. Доставуваме храна до луѓето во Газа. Ситуацијата е многу тешка“, им рече американскиот лидер на новинарите.

Обединетите нации и другите организации за помош го отфрлија новиот систем за дистрибуција на помош, велејќи дека нема да ги задоволи потребите на 2,3 милиони жители на Газа и му дозволува на Израел да ја користи храната како оружје за контрола на населението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Центрите за хуманитарна помош во Газа, досега убиени 613 лица

Хуманитарните организации, исто така, предупредија на ризикот од тензии меѓу израелските трупи и луѓето што се обидуваат да стигнат до залихите со храна.

Десетици илјади убиени

Според Министерството за здравство на Газа, најмалку 54.056 Палестинци биле убиени, а 123.129 ранети во израелската војна во Газа.

Loading...

Канцеларијата за медиуми на владата го ажурираше бројот на жртви на повеќе од 61.700, велејќи дека илјадници луѓе што се водат како исчезнати под урнатините се претпоставува дека се мртви.

Се проценува дека 1.139 луѓе биле убиени, а повеќе од 200 заробени во Израел за време на нападите предводени од Хамас на 7 октомври 2023 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Центрите за хуманитарна помош во Газа, досега убиени 613 лица