Руската Северна флота спроведе вежба со бродови и нуклеарни подморници

Сподели со своите пријатели

Нуклеарните подморници на руската Северна флота и големите противподморнички бродови „Североморск“ и „Вицеадмирал Кулаков“ спроведоа вежба со практично гаѓање во Баренцовото Море, соопшти денес прес-службата на флотата.

Loading...

„Екипажите на бродовите извршија серија вежби во согласност со нивната главна задача – откривање на подморници и употреба на противподморничко оружје“, се наведува во соопштението, пренесе Интерфакс.

Според информациите, нуклеарните подморници на флотата се натпреварувале со површински бродови, а во вежбата учествувале и противподморнички хеликоптери Ка-27. За време на обуката, екипажите на големи противподморнички бродови извршија торпедо-напад врз симулирана непријателска подморница.

„Гаѓањето на подводната цел беше извршено со вежбачка муниција – обично торпедо без боева глава, кое по борбената вежба беше откриено и подигнато од водата од страна на екипажот на торпедниот брод. После тоа, морнарите пукаа со ракетно и бомбардерско оружје на бродовите“, објасни прес-службата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат

Областа каде што се одржа вежбата беше однапред затворена за бродски и воздушен сообраќај.

Според официјалните податоци, Северната флота е единица на руските вооружени сили што ги штити националните интереси на Русија во Арктикот и другите делови од Светскиот океан, пренесува Танјуг.

Подморничките сили на Северната флота се сметаат за најмоќна единица нуклеарни подморници во руската морнарица, објави Интерфакс.