МВР во голема акција: „Ќе лови“ со сите радари и сообраќајци

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија како земја членка на РОАДПОЛ, се приклучува во акцијата која денеска на 9 април се реализира низ цела Европа.

Loading...

Денеска на територијата на целата држава почна 24-часовна акција на мерење на брзината на патиштата ширум Македонија и ширум Европа.

Во акцијата учествува целата сообраќајна полиција и сите уреди за мерење брзина со кои располага македонската полиција.

Контролните точки се распоредени на сите патишта во државата а контролата трае од 00 часот до 24 часот.

– Министерството за внатрешни работи продолжува интензивно со сообраќајните контроли. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Да бидеме одговорни. Да ги почитуваме ограничувањата. Да спасиме животи, стои во соопштението.

Никола Ивановски