Руските власти денеска објавија дека војската соборила 31 украински беспилотно летало кои биле насочени кон индустриски објекти.
Loading...
„Синоќа системот за противвоздушна одбрана пресретна и уништи 31 украински беспилотно летало“, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.
„Индустриски капацитети“ во Татарстан, на околу 1.000 километри од украинската граница, биле конкретно на мета, се наведува во соопштението на регионалните власти.
„Сите беспилотни летала се неутрализирани и нема жртви“, се додава во соопштението.
Регионот Брјанск, кој граничи со Украина, каде што беа соборени 14 дронови, исто така беше цел на четири ракети ХИМАРС, изјави регионалниот гувернер Александар Богомаз на Телеграм.