Сеул: Најмалку 100 севернокорејски војници загинаа, 1.000 се повредени во Курск

Сподели со своите пријатели

Најмалку сто севернокорејски војници кои се борат на страната на Русија во војната во Украина се убиени, соопшти денеска јужнокорејскиот парламент.

Loading...

Покрај тоа, околу 1.000 севернокорејски војници распоредени во руската погранична област Курск беа ранети при прекугранични напади на украинската армија, пренесува Јонхап.

Претходно оваа недела, киевските медиуми објавија дека украинската армија убила најмалку 50 севернокорејски војници, додека 47 биле повредени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ги прикрие загубите на севернокорејските војници, велејќи дека украинските трупи ќе продолжат да преземаат мерки за да ги ослабат борбените способности на силите, кои тој ги опиша како слабо обучени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жесток напад во мугрите: Русите истрелаа ракети кон Киев. Најмалку еден загинат

Според украинското Министерство за одбрана, севернокорејските војници во областа Курск продолжуваат да претрпуваат големи загуби во борбите, додека украинската армија веќе започнала нови офанзивни операции за неутрализирање на преостанатите позиции.