Властите на францускиот остров Мајот стравуваат од ширење на глад и болести

Сподели со своите пријатели

Властите на француската прекуморска територија Мајот во вторник се обидуваат да достават храна и вода до жителите погодени од разорниот циклон за време на викендот и да го спречат ширењето на глад, болести и беззаконие, соопштија официјални лица.

Loading...

Може да има стотици или дури илјадници мртви по циклонот Чидо, велат тие.

Невремето опустоши големи делови од архипелагот источно од Африка, кој е најсиромашната прекуморска територија на Франција и честа дестинација за илегална имиграција.

Со оглед на тоа што многу области сè уште се недостапни, може да поминат неколку дена за да се утврдат штетите и бројот на загинати.

Досега е потврдена смртта на 22 лица, а повеќе од 1.400 повредени, изјави Амбдилвахеду Сумаила, градоначалник на главниот град Мамуџу, за радиото Франс Интернационал во вторникот наутро.

„Денеска приоритет се водата и храната. Има луѓе кои за жал починаа, каде телата почнуваат да се распаѓаат, што може да создаде санитарни проблеми“, рече Сумаила.

„Немаме струја. Кога ќе падне ноќ, има луѓе кои ја користат таа ситуација“.

Дваесет тони храна и вода ќе почнат да пристигнуваат по море и воздух во вторник, соопшти владата доцна во понеделникот.

Loading...

Таа додаде дека 50 отсто од водоснабдувањето ќе биде вратено за 48 часа, а 95 отсто за една недела.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во вторник навечер ќе важи полициски час од 22 до 4 часот по локално време.

Спасувачите трагаат по преживеани меѓу урнатините на населбите уништени од ветровите со брзина од 200 километри на час.

Чидо е најголемата бура што го погодила Мајот во повеќе од 90 години, соопшти француската метеоролошка служба Метео Франс.

Неколку луѓе се спасени во Мамуџу, изјави за Ројтерс Сити-Рузат Соилхи, претставник за комуникации во градот, додавајќи дека повеќе од 700 полицајци се мобилизирани да им помогнат на жителите и да ја зголемат безбедноста.

Естел Јусуфа, претставник од Мајот, за радиото Франс Интер изјави дека на територијата владее морничава тишина и дека од оштетените џамии не се слушаат повици за молитва за муслиманите.

Таа рече дека многу училишта се уништени, а останатите биле користени како засолништа.

Францускиот претседател Емануел Макрон по вонредниот состанок на владата во понеделникот изјави дека ќе го посети Мајот во наредните денови.

Loading...

Територијата се соочува со немири во последниве години, при што многу жители се лути поради илегалната имиграција и инфлацијата.

Повеќе од три четвртини од нејзините 321.000 жители живеат во релативна сиромаштија, а се проценува дека една третина се мигранти без документи, главно од блиските Комори и Мадагаскар.

Мајот стана упориште на екстремно десничарскиот Национален собир и 60 отсто од териториите гласаа за нејзиниот лидер Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори во 2022 година.

Tехничкиот министер за внатрешни работи Бруно Ретало на прес-конференција рече дека во Мајот системот за рано предупредување функционирал „совршено“, но многу непријавени лица не стигнале до планираните засолништа.

Други официјални лица рекоа дека мигрантите без документи можеби не стигнале до засолништата поради страв од апсење.

Бројот на загинати по циклонот, рече Ретајло во подоцнежната објава на социјалната платформа Х, ја нагласува потребата да се соочиме со „прашањето за миграцијата“.

Сепак, левичарските политичари го вперуваат прстот кон, како што го нарекуваат, запоставувањето на Мајот од страна на владата и неуспехот да се подготви за природни катастрофи поврзани со климатските промени.

„Циклон поттикнат од климатските промени погоди напуштена француска територија. Се очекуваат стотици, па дури и илјадници смртни случаи. А вие пишувате дека проблемот на Мајот е имиграцијата. Одвратно“, напиша Мелани Вогел, сенаторка од Зелената партија, како одговор на објавата на Ретаљо на до X.

Loading...