Хамнеи тврди дека падот на Асад е резултат на планот на САД, Израел и соседна земја

Сподели со своите пријатели

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека Иран има докази дека соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад е резултат на планот на Соединетите Американски Држави, Израел и една од соседните земји на Сирија, којa тој не ja именуваше.

Loading...

Мохамед ал Башир беше назначен за привремен премиер на преодната влада на Сирија до 1 март 2025 година.

Сириската исламистичка бунтовничка организација Хајат Тахрир ал Шам, која го зазеде Дамаск, објави дека подготвува список на функционери од владата на Асад кои биле одговорни за тортурата за време на неговото владеење, пренесе Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новите сириски власти ветуваат толеранција и соработка со светот