Се повеќе Норвежани се за влез во ЕУ, 30 години по референдумот на кој кажаа „не“

Сподели со своите пријатели

Сè поголем број Норвежани сакаат нивната земја да се приклучи на Европската унија, иако сè уште има поголем број на оние кои се против тоа, според последната анкета, спроведена на 30-годишнината од последниот референдум за ова прашање, кога членството во Унијата беше отфрлена.

Loading...

Норвешка последен пат се изјасни против влезот во ЕУ на референдумот одржан од 27 до 28 ноември 1994 година, а за ова прашање беше изгласано и во 1972 година, наведува Ројтерс.

Од 1994 година, Норвешка е членка на Европската економска област (ЕЕА), која овозможува слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал помеѓу ЕУ и земјите кои не се членки – Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Околу 46,7 отсто од анкетираните Норвежани се изјасниле дека нивната земја не треба да влезе во ЕУ, додека 34,9 отсто се за тоа, а 18,4 отсто се неопределени, покажува истражувањето спроведено од компанијата Sentio, чии резултати се објавени во дневниот весник „Национен“, пренесува Танјуг.

Противставувањето на членството во ЕУ падна од повеќе од 70 отсто во 2016 година на најниско ниво од 2009 година, додека поддршката за пристапување во унијата се зголеми од 20 отсто пред една деценија, открива норвешкиот весник.